(18.09.2015г.) – Ме радува фактот што во Р. Македонија се одржува една ваква меѓународна конференција чии цели се, преку презентирање на сопствените практики и размена на искуства меѓу лабораториите, инспекциските тела и институциите за квалитет од регионот и пошироко да се овозможи континуиран развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и лабораториските кадри – изјави заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски во своето обраќање со кое ја отвори Втората меѓународна конференција “Квалитет и компетентност 2015“ што денес и утре се одржува во Охрид.
Настанот дава можност за заеднички средби во насока на остварување на интензивна комуникација солабораториите и инспекциските телаи запознавање со актуелните искуства и новите технологии.
Конференцијата е во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија.