Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска и државниот секретар Неби Реџепи во просториите на Министерството за животна средина и просторно плaнирање одржаа работен состанок со стручен тим на „Албанската Фондација за развој на локални капацитети”, која заедно со партнерската организација од Северна Македонија „Центар за одржлив развој на заедницата“ и „ГЛВ Дибра Туристике“ од Албанија започна со спроведување на нов тригодишен проект “Заштита и одржливо користење на прекуграничните заштитени подрачја Шар Планина, Маврово и Кораб-Коритник“, проект финансиран од Фондот за природа Преспа-Охрид.

Заменик министерката Оџаклиеска одржа состанок со стручен тим на “Албанската Фондација за развој на локални капацитети”
Целта на новиот проект е подобрување на управувањето, координацијата и соработката помеѓу одговорните национални и регионални институции, како и активно вклучување на локалните заедници и засегнатите страни во управувањето со заштитените подрачја и во мониторингот на спроведувањето на активностите на терен, при што фокусот ќе биде ставен на добро и ефективно владеење со прекуграничните заштитени подрачја од регионот Шар Планина- Кораб, за да се овозможи зголемување на еколошките и економско-социјалните придобивки за жителите на овие подрачја.
На состанокот заменик министерката Оџаклиеска истакна дека заштитата на подрачјата со исклучителни природни вредности бара посветеност и прекугранична соработкa.
Исто така таа ја потенцираше улогата на граѓансккиот сектор и потребата од соодветна координација со сите релевантни институции за успешна реализација на зацртаните цели и за успешна заштита на подрачјата и одржлив развој на локалното население, кое најмногу треба да ги почувствува бенефитите од спроведувањето на овој проект.