Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска присуствуваше на настанот за промоција на Форумот на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, што денес се одржа во Скопје. Работниот наслов на настанот е „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските основни права и вредности во регионот“, а притоа беше потпишана декларацијата за основање на Форумот.
Целта на Форумот е да се создаде регионална мрежа на жени лидери, која се стреми да го зајакне лидерството на жените во општеството преку професионален развој и меѓународно вмрежување за размена на најдобри практики, искуства и меѓусебна поддршка за градење подобри општества за сите.
Настанот беше инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC.