– Сега е вистинскиот момент кога треба развојот на државата да го поставиме на одржлива трaекторија и да се насочиме на инвестиции кон обновливи извори на енергија, искористување на потeнцијалот на сонцето и ветерот и да овозможиме побрза и праведана зелена транзиција – истакна Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска на втората годишна конференција на РЕС фондацијата на тема загадување на воздухот на Балканот.
Потенцирајќи дека аерозагадувањето не може да се ограничи со административните граници Оџаклиеска укажа на потребата од воспоставување на меѓусебна прекургранична соработка и усогласување на предвидените мерки. Владата на Република Северна Македонија ги има приоретизирано чекорите за намалување на емисиите на штети честички во воздухот. Стратешките определби се јасни – дејствување на изворите на загадувањето, за што веќе неколку години наназад се спроведуваат проектираните програми и се обезбедуваат средства. Сепак интензитетот на реализација мора се прилагоди на тековните социо-економски состојби.