Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше во Балканскиот Форум насочен кон одржливиот развој во ерата на пост COVID19, кој денес и утре се одржува во Солун, со можности за online вклучувања за дел од учесниците.
Заменик министерката Оџаклиеска имаше свое обраќање на сесијата со тема „Зелен договор во прекуграничен контекст, зелено претприемиштво, одржлив развој и циркуларна економија“. Таа го претстави напредокот што Република Северна Македонија го прави во насока на вградување на еколошката компоненета во одржливиот развој и постигнување на целите на Зелената агенда на Европската Унија.
Воедно, заменик министерката Оџаклиеска ги истакна политиките и мерките кои се наведени во ажурираниот национален придонес кон Договорот од Париз, а се во насока на унапредување на истражувањето, претприемаштвото и зелениот раст на малите и средни претпријатија.