(28.06.2018г.) Во рамките на престојот во Да Нанг, Виетнам по повод одржувањето на 6-тот Собрание на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари повеќе билатерални средби.
На средбата со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ се разменија искуства околу реализацијата на тековните проекти финансирани од ГЕФ како и идните планови и можности за развивање на регионални проекти. Заеднички беше ставот дека е потребна поголема реализација на конкретни активности на терен, во насока на исполнување на заложбите за постигнување на што поголеми резултати во заштитата на животната средина.
Исто така, беа реализирани средби со високи претставници на Министерството за животна средина на Виетнам, претставникот на УНЕП, Ерсин Есен и претставници на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), Џефри Грифин и Томас Хамонд и други.
Министерот Дураки, присуствуваше и на работен ручек со министрите за животна средина на Австрија, Шведска, Ерменија и Луксембург, каде беа разменети искуства и ставови за глобалните прашања за заштитата на животната средина и плановите за идните активности кои ќе се преземат во рамки на ГЕФ 7.