Минатонеделната работна посета на министерот Нуредини на Австрија беше во знакот на развивање на соработката меѓу ресорните министерства и институции на двете држави. Министерот Нуредини се сретна со министерката за климатска акција, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија на Австрија Леонор Гевеслер, за да разговара за продлабочување на соработката во областа климатски промени и обновливите извори на енергија, а разговараа и за можната поддршка на Австрија во подобра имплеметација на националното законодавство во управување со отпадот и за поголемо рециклирање на отпадот, како и за трансформацијата кон циркуларната економија.
Министерот Нуредини одржа состаноци и со претставници на Федералната агенција за животна средина на Австрија, со кои размени искуства за нивната работа во правец на планираното воспоставување на Агенција за животна средина во нашата држава. Се оствари и работна средба во австриската стопанска комора со претставници од австриски компании активни во секторите за управување со отпад и енергија.