Десет стари стебла со исклучителни хабитуелни карактеристики во неколку општини во државата, на иницијатива на Министерството за животна средина и просторно планирање и со финансиска поддршка од државен буџет на МЖСПП, а во согласност со Законот за заштита на природата спроведе постапка за прогласување на природни реткости за 10 стари стебла со исклучителни хабитуелни карактеристики.
Како соработка на Секторот природа и Секоторо за правни и општи работи беа изготвени елаборати за валоризација/ревалоризација на наведените 10 стари стебла. Елаборатите беа стручна основа за изработка на решенијата за прогласување на старите стебла за природни реткости.
Такви решенија се донесени за следниве стари стебла: Платан над локалитетот ,,Арабати Баба Теќе – Општина Тетово“; Платан во центарот на Валандово – Општина Валандово; Платан во с. Честево – Општина Валандово; Платан во с.Смолари – Општина Ново Село; Платан во с. Магарево – Општина Битола; Платан во с. Колешино – Општина Ново Село; Платан во Општина Радовиш; две стебла од Црн Бор на локалитетот ,,Карши Бавчи – Општина Кратово; Платан во с.Теово – Општина Чашка и Блатен Даб во с.Кривогаштани – Општина Кривогаштани, за природни реткости.
Видео: https://drive.google.com/file/d/1dJiFXxW41f-Ihfpme95WN1JL6A_A68oS/view?usp=sharing