Податоци за резултатите од преземените активности за намалување на аерозагадувањето како резултат на реализација на Планот за чист воздух на Владата на РСМ и на Министерството за животна средина и просторно планирање/прес конференција на заминик министерот за животна средина Јани Макрадули.
„Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10.
Да укажам на некои податоци, секако нагласувам од оние мерни инструменти коишто припаѓаат на Државниот мониторинг центар и кои беа во функција.
Број на денови со среднодневни концентрации над ГВ
2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | |
Центар | 64 | 63 | 44 | 54 | 31 |
Гази Баба | 56 | 62 | 49 | 27 | |
Карпош | 55 | 64 | 54 | 60 | 24 |
Лисиче | 68 | 62 | 70 | 0 | 0 |
Миладиновци | 38 | 57 | 38 | 57 | 31 |
Ректорат | 47 | 69 | 66 | 76 | 46 |
Максимална среднодневна концентрација:
2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | |
Центар | 326.5 | 288.1 | 352.9 | 248 | 124.2 |
Гази Баба | 329.7 | 340 | 299.4 | 113 | |
Карпош | 299 | 335.1 | 397.2 | 229 | 120.7 |
Лисиче | 446.1 | 454.3 | 331.8 | 44.62 | 0 |
Миладиновци | 125 | 233.3 | 177.9 | 184.7 | 156 |
Ректорат | 271.1 | 436.6 | 436.7 | 283 | 134.2 |
Или пак, ако зборуваме за максималната среднодневна концентрација, и покрај тоа што минатата недела имаше магла и 0 km/h ветер, немавме екстреми како 288, 329, 446 во минатото. Максималните беа 124, 120, во споредба со минатите години, кога биле и 326, 329, 340, 352 во Центар.
Дали е доволно ниско, не. Но трендот на намалување е видлив.
Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите.
Резултат на зголемената свеста кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа влада. Граѓаните, особено помладите и користат превозни средства кои не загадуваат и сепарираат отпад, но и ги убедуваат своите родители да не се греат на дрва.
Сведоци сме на редовни, 24 часовни, построги инспекции од страна на надлежните институции. За прв пат се фаќаат сторители кои палат кабли или стрништа, кон нив се поднесуваат соодветни пријави.
Координираната инспекција драстично ги намали примерите на илегални палења.
Во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата, нови паркови, зелени кровови.
Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи.
Нашата земја е шампион во реформи во енергетската политика, го намаливме ДДВ-то за парното греење, ја одржавме цената на струјата и таа е достапен извор за греење, исплатливо е навистина, да се греете на струја.
Но, како комплементарен придонес се и мерките од Планот за чист воздух, прв стратешки документ донесен од некоја влада која директно се справува со изворите на загадувањето.
Мерки во насока на вложување во подобрувањето на енергетска ефикасност, во зголемувањето на зелените површини, и за прв пат мерки за директно справување со изворите на загадување.
Линк до видеото од пресот: https://youtu.be/VsudtMq_MF8