Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска оствари средба со претставниците на вработените од Југохром Јегуновце, при што дискутираа за нивните барања и предлози за решавање на судбината на овој индустриски капацитет.
Во разговорот, министерот Амети пред претставниците на Синдикатот јасно го искажа својот став ниедно семејство да не остане без месечни приходи и ниеден вработен да не остане без работното место. Но од друга страна,Министерот уште еднаш го потврди ставот дека единственото решение за постоечкиот проблем е поставувањето на филтерите со што ќе се сочува животната средина и здравјето на граѓаните, како и работните места на вработените во Југохром.
Истовремено, Министерот изрази подготвеност да ја поддржи секоја иницијатива за обезбедување социјален пакет за вработените во Југохром.