(27.08.2015г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска беше во посета на општина Прилеп при што заедно со градоначалникот Марјан Ристески, изведувачите и надзорот одржаа состанокза статусот на договорот „Изградба на пречистителна станица во Прилеп“ и заемнодоговарање за идните активности.
Проектот е финансиран во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), ае кофинансиран од националниот буџет.
Договорот за градба е во износ од околу 9,7 милиони евра и е склучен со конзорциумот Понстрој инженеринг ЕАД и ЕКО-пројект ООД.Надзорот на градежните работи го вршат ИГИП-Инженеринг во конзорциум со Иванов Инженеринг, ангажирани преку ИПА договор.