Архива

Изаири во обиколка на настраданите локалитети

(14.08.2015) Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири и денеска излезе на терен и ги посети селата Голема Речица, Мала Речица и Порој. При посетата, Министерот се сретна и разговараше со жителите на селата и се информираше за текот на активностите за отстранување на последиците од неодамнешното невреме.

Новото училиште во с. Синичене подготвено за новата учебна година

(14.08.2015) Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири заедно со министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми денес го посетија новото училиште во с. Синичане во општина Боговиње. Со цел да се направат последните проверки пред почетокот на новата учебна година. Од септември, околу 200 ученици од ова село наставата ќе ја следат… Прочитај повеќе »

Владини мерки за помош на населението погодено од невремето во Тетовско

(12.08.2015 год.) Земјоделците од Тетовско чии поседи биле оштетени од невремето на 3 август, до 26-ти овој месец може да поднесат барања за проценка и надомест на штета до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Тетово. Ова е една од конкретните мерки за помош на населението од Тетовско кои Владата на… Прочитај повеќе »