Архива

Уште шест населени места во општина Врапчиште ќе добијат канализациона мрежа

(31.03.2016г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија, денес потпишаа договор за финансирање на изработка на техничка документација за проекти кои ќе се реализираат во општина Врапачиште. Со договорот, во наредниот период треба да се изработи техничка документација со ревизија за канализациони системи во шест села… Прочитај повеќе »

Министерството за животна средина одвои два и пол милиони денари за доизградба на атмосферската канализација во Дебар

(30.03.2016г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Дебар, Ружди Лата, денеска, потпишаа договор за финансирање на проектот за доизградба на атмосферска канализација во град Дебар. Новиот договор се однесува на втората фаза од проектот, за чија реализација Министерството ќе кофинансира 2,5 милиони денари. На потпишувањето, министерот Изаири нагласи… Прочитај повеќе »

Во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот плански регион ќе се воспоставува интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад

(29.03.2016г) Денеска, во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири и раководителот на Одделот за оперативни работи во ЕУ Делегацијата, Мартин Клауке, беше презентиран проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“. Овој проект на… Прочитај повеќе »