Соопштение за јавноста 13.07.2017 год.
Ве информираме дека заменик министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули ќе учествува на неформалниот состанок на Министри за животна средина кој на 13 и 14 јули 2017 год. се одржува во Талин – Естонија. Главен фокус на состанокот ќе биде ставен на еко иновациите и прашањата поврзани со климатските промени.