На ден 26.11.2019 година и 27.11.2019 година, во Братислава, Словачка, во организација на Европската агенција за животна средина (European Environment Agency – EEA), во рамките на ИПА програмата, се одржа 24-тата ЕИОНЕТ работилница.
На оваа проблематика работи дипл. инж. Љупчо Гроздановски, Советник за калибрација на опремата од ДАМСКАВ, од Сектор Македонски информативен центар за животна средина, односно од Одделението за мониторинг и Калибрационата лабораторија за квалитет на амбиентен воздух, како одговорно лице според својот опис на работни активности и учествуваше на горенаведената работилница.
Целта на 24-тата ЕИОНЕТ работилница беше да се презентираат и дискутираат релевантните активности во однос на оценката и управувањето со квалитетот на воздухот, презентација на активностите од страна на FAIRMODE форумот за моделирање на квалитетот на воздухот, понатаму ќе се изврши презентација на методи за распределба на извори на емисии во согласност со Директивата за квалитет на амбиентен воздух, ажурирање на промените од страна на Светската здравствена организација во однос на Упатството за квалитет на воздух и оценка на влијанието врз здравјето на луѓето.