(04 – 05.06.2015 год.) Во период 04-05.06.2015 година во Брисел, Белгија се одржа 54ти тренинг за Постојаните твининг советници.
Целта на тренингот беше да им се овозможи на учесниците да се здобијат со подобри познавања за Европскoто соседство и политиките за проширување. Оваа обука беше наменета за сите постојани твининг советници и контрапартнери во земјите кориснички како помош за имплементација на твининг проектите.
На тренингот, учесниците беа запознаени воопшто со инструментите за помош Институционално зајакнување, Твининг и ТАIEX. Детално беа презентирани новините воведени во измените на упатствата, беа дадени совети и насоки за работните методи и прашањата за управување, со цел успешно спроведување на твининг проектите. Посебно беше потенциран делот за комуникација и начинот на презентирање на проектот во јавноста. На оваа обука присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделение за мониторинг на квалитет на воздух, од Македонски информативен центар за животна средина и контрапартнер на постојаниот твининг советник за проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на воздухот“.