На 02 и 03.05.2023 година се одржа 25-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
На состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина учествуваше Катерина Николовска, ко-претседавач на работната група со мандат од две години. Таа е активно е вклучена во работата на Бирото на оваа Група и во тоа својство, ги води потребните активности за развој на Пан-европскиот SEIS, за Република Северна Македонија.
- На состанокот беше презентиран годишниот распоред на активности на Работната група за 2024 година.
- На состанокот се дискутираше за известување преку SEIS процесот како редовен процес за проценки во животната средина, редовните пан-европски проценки за состојбата во животната средина, “open data” пристапот и облигациските известувања согласно политиките во животната средина во Европа
- Како дел од агендата се презентираше прогресот во јакнењето на институциите, регулаторните механизми и инфраструктурата на национално ниво, како и нивниот учинок при мониторингот и проценката на квалитетот на животната средина.
- Катерина Николовска учествуваше со презентација за напредок во последната година на национално ниво за мониторинг и оценувањето на животната средина.
На 04 и 05.05.2023 година се одржа “Регионален Тренинг за статистики и индикатори за квалитетот на амбиенталниот воздух и емисии во воздухот” во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
На состанокот учествуваа Катерина Николовска и Анета Стефановска. Целта на регионалниот тренинг беше да се унапредат капацитетите на земјите учеснички, да изработуваат хармонизирани статистики и индикатори за квалитетот на воздухот и емисиите во амбиенталниот воздух, и за таа цел работилницата ќе овозможи земјите да користат робусни методолошки информации за политики базирани на основа на докази. За таа цел, беа дискутирани и предизвиците при изработката на релевантните индикатори и податоци.