(11-13.05.2015 год.) Во периодот од 11 мај до 13 мај 2015 година во Женева, Швајцарија, се одржа состанок на Работната група Пријатели на заеднички информативен систем за животна средина (SEIS) и 10 сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
Првиот ден беше посветен на Работната група Пријатели на заеднички информативен систем за животна средина (SEIS). Од страна на претставниците на UNEP имаше неколку презентации кои се однесуваа на процесот на развивање, организација, обликување и приоритетните податоци кои треба да ги содржи SEIS-от.
На 12 и 13.05 се одржа 10 сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина на која се дискутираше за националните системи за известување во врска со основниот сет на индикатори за животна средина.
На состаноците како претставник од МИЦЖС присуствуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која имаше презентација за состојбата со мониторинг и информативниот систем за животна средина и извештаите за состојбата со животната средина.