Во периодот од 19 до 20 Јануари 2015 година во Анкара, Турција, се одржи работилница за проценка на ризикот и ранливоста на водите од климатските промении адаптација кон истите во организација на ECRAN – Climate group – Working group 4: „ECRAN Climate adаp„.
Оваа прва техничка регионална работилница имаше за цел зајакнување на капацитетите на претставниците на земјите од Западен Балкан и Турција, за адаптација на климатските промени во секторот за управување со води преку донесување на национални политики и планови за адаптација на климатските промени. На состанокот од Македонски информативен центар за животна средина учествуваше Аземине Шакири.
На состанокот беа дискутирани и образложени следниве потреби :
- Зајакнување на свеста и разбирање на потребата за адаптација на климатски промени
- Проценката на ризик и ранливост преку користење на Алатката за клматска адаптација
- Воспоставување на основа за соработка и координација меѓу релевантните чинители
- Потребата за убрзување на изработката на планови за адаптација на климатските промени.