Студиска посета на агенцијата за животна средина во Талин, Естонија

Во периодот од 28.11.2022 година до 02.12.2022 година, во рамките на проектот „Развој на информативен систем за животна средина EuropeAid/139107/IH/SER/MK, инплементиран од Particip GmbH“, се одржа студиска посета на агенцијата за животна средина во Талин, Естонија.Studiska poseta Talin

Цел на студиската посета беше запознавање и размена на искуства од областа за мониторинг на медиумите на животната средина и со информативенсистем за животна средина во Агенцијата за животна средина на Естонија.

Обуките и состаноците беа стручно специјализирани и се однесуваа на:

–        Подготовка за национална мониторинг програма за животна средина,

–        Подготовка на легислатива и добри практики за циркуларна економија,

–        Подготовка на легислатива за води и за управување со водни ресурси,

–        Подготовка на субпрограма за за мониторинг на свежи води,

–        Добри практики за управување со отпад, отпадни води и подготовка на извештаи за национално и меѓународно ниво,

–        Подготовка на индикатори, публикации и мапи поврзани со животната средина.

На студиската посета учествуваа следните претставници од МЖСПП:

–   Катерина Николовска – Помошник раководител на МИЦЖС

–   Аземине Шакири – Раководител на одделение Катастри и моделирање (МИЦЖС)

–   Павле Малков – Советник за емисии во воздух (МИЦЖС)

–   Зоран Зориќ – Советник за управување на катастри (МИЦЖС)

–   Арминда Рушити – Советник за отпад (МИЦЖС)

–   Маргарета Цветковска – Советник за отпад (МИЦЖС)

–   Даниела Ристова – Советник за текови на отпад (СО)

–   Ивица Тасиќ – советник за емисии во води (МИЦЖС)

–   Валентина Диметриевска – Советник за ИТ (МИЦЖС)

–   Ана Димишкова – Виш соработник за отпад (МИЦЖС)

–   Милена Крстевска – (СЕУ)

На сесиите особено беше претставена улогата и поставеноста на одделите во Агенцијата (Оддел за управување со информацискиот систем, Оддел за обработка и управување со податоци, Оддел за геоинформатика, Оддел за експертска подршка, Оддел за отпад и Сектор за климатски промени). Претставниците на секој од одделите ги презентираа работните обврски, проблеми со кои се соочуваат во текот на работата и можните решенија на проблеми.

Во рамки на студиската посета беше организирана посета на инсталацијата за селекција и примарна обработка на амбалажен отпад, со цел практично запознавање со процесот на обработка на отпадот и размена на искуства и добри практики.

Издвоени аспекти во рамките на сесиите кои беа од особено значење за учесниците на студиската посета:

–        Информациски системи достапни во агенцијата,

  • главни корисници,
  • регистрација,
  • собирање и обработка на податоците,

–        Главни услуги за поддршка кои ги обезбедува Агенцијата,

–        Процес на развој и резултати на годишно ниво,

–        Инплементација и презентација на Директивата INPIRE и главни корисници на тематски податоци,

  • Добри примери и проекти поврзани со циркуларната економија.
  • Информативен систем за известување за отпад.
  • Национален регистар за пакување ПАКИС,
  • Пресметка на отпад од пакување и рециклирање на отпадот,

–        Обработка на податоци и известување поврзани со водите.

  • Одржување на станиците,
  • Калибрација на опремата,
  • Јавен пристап до порталот,
  • Подпограма за следење на подземните водни тела,

–        Презентирање на останати корисни портали за информациски системи;

  • Индикатори,
  • Публикации,
  • Анализи,
  • Приказни карти.