Од 24-26.09.2014 година во Приштина, се одржа состанок на претставници од Агенциите и Министерства за животна средина од земјите во Европа. Покрај редовните пленарни активности поврзани со тематските работни групи во рамки на EPA мрежата, цел на состанокот беше да се разгледаат релевантните документи поврзани со иницијативата за формирање на работна група за Западен Балкан – Interest Group West Balkan. Меѓу клучните цели на оваа работна група (IG WB) е да се унапреди соработката помеѓу релевантните институциите од Западен Балкан кои работат во областа на заштита на животната средина. Формирањето на оваа работна група беше поддржано од членовите на мрежата и беа усвоени и конкртни предлози за насоки и обемот на соработка во рамки на работната група за Западен Балкан.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање учествуваа Светлана Ѓорѓева – Национален координатор и Ристо Јордановски – Асистент Координатор за соработка со ЕЕА.