Во период од 01.10.2019 до 03.10.2019 година, во Австрискиот Институт за Метрологија во Виена, Австрија, се одржа XXX Состанок на Националните референтни лаборатории за квалитет на амбиентен воздух (AQUILA), организирана од страна на European Commission/Joint Research Centre (EC/JRC) како и презентација и размена на искуства на II- та работилница во врска со low-cost сензорите и сензорските системи за квалитет на амбиентен воздух.
На оваа проблематика работи дипл. Инж. Љупчо Гроздановски, Советник за калибрација на опремата од ДАМСКАВ, од Сектор Македонски информативен центар за животна средина, односно од Одделението за мониторинг и Калибрационата лабораторија за квалитет на амбиентен воздух, како одговорно лице според својот опис на работни активности и учествуваше на горенаведената работилница.
Целта на оваа XXX работилница на AQUILA групата беше да се презентираат и дискутираат идните стратегии од областа на Квалитетот на воздухот поврзани со новите легислативи и стандарди, кои би требале да се имплементираат и менаџираат во земјите членки на ЕУ, но претставуваат исто така насока и обврска на земјите аспиранти за членство во ЕУ, како што е нашата земја.
На состанокот се изврши презентација на извршената ревизија на одредени делови од стратегијата за квалитет на амбиентен воздух.
Посебен осврт се даде на тестовите на еквиваленција кои се вршат во моментов, понатаму на резултатите и извештаите за изминатите интерлабораториски компаративни мерења во 2018 и 2019 година за PM10/PM2.5, за PAH-ови, за тешки метали (HM), и за неоргански гасови (O3, NO/NO2, SO2, CO) како и на престојните интерлабораториски компаративни мерења кои треба да се одржат во 2020 година. Понатаму се разговараше за прекурсорите за Озон и за начинот на пресметување на мерната неодреденост како на часовните така и на годишната средна вредност.
Исто така, ден пред состанокот на AQUILA групата, на 01.10.2019 година, на истата локација, а за потребите на членовите на AQUILA групата, се одржа презентација и размена на искуства во однос на употребата на таканаречените low-cost сензори и сензорски системи за мерење на квалитетот на воздухот.
Ова е еден од начините на потврдување на состојбата во која се наоѓа Мониторингот на квалитетот на амбиентниот воздух, и истиот состанок како и учеството во оваа група им определува обврски на Министерството за редовно извршување на обврските околу сервисот, одржувањето и калибрацијата на мерните инструменти, потребен за одредување и следење на компатибилноста на калибрационата лабораторија со исти такви лаборатории од Европската унија, со цел постигнување на поголема верност на податоците кои произлегуваат од Мониторинг мрежата. Истовремено е добра насока за започнување на процедурата за акредитација на нашата калибрациона лабораторија. Сето тоа придонесува кон воведување на стандардизирани оперативни процедури во работата, потврдување или гаранција на квалитетот и негова контрола кои би биле и меѓународно признати.