Состанок на Националните координатори за соработка со Еворпската агенција за животна средина, ЕЕА

(16-17.10.2013 год.) Во организација на Европската агенција за животна средина во Копенхаген – Данска се одржа редовен состанок на Националните координатори (NFP). На состанокот учествуваа Светлана Ѓорѓева – NFP и Ристо Јордановски – Асистент NFP од Министерство за животна средина и просторно планирање.

agencija1

Националните координатори од Европските земји и Западен Балкан учествуваа во работни сесии со цел: Преглед на работата на ЕЕА поврзана за INSPIRE Директивата, како и учество на заедничка сесија и соработка со националните координатори за INSPIRE Директивата.

На состанокот се направи преглед на работната програма на ЕЕА-EIONET за 2013 година и преглед на остварениот прогрес за тековната година. Беше започнат и преглед и консултација за процесот на изготвување на SOER 2015 – извештајот за состојбата и перспективата на животната средина во Европа. Претставниците од ЕЕА ги презентираа и резултатите од процесот на ревизијата на NRC структурата на национални експерти за тематските активности на ЕЕА.

agencija

На овој состанок, беше предвидена и редовната координативна сесија со претставниците од Западен Балкан,  а Националните координатори беа вклучени во консултациите и прегледот на успесите од процесот на соработка во рамки на ИПА поддршката, како и планирањето на идните проектни активности за зајакнување на националните институционални капацитети – за ефикасно исполнување на обврските за известување кон Европката агенција за животна средина.