Состанок на националните контакт лица за животна средина и здравје и одржлива продукција и консумација на земјите членки и земјите соработнички на Европската Агенција за Животна Средина

На 23 октомври 2013 година во зградата на Европската Агенција за Животна Средина во Копенхаген, Данска се одржа заедничкиот состанок нанационалните контакт лица за животна средина и здравје, и националните контакт лица за одржлива продукција и консумација на земјите членки и земјите соработнички на Европската Агенција за Животна Средина, а воорганизација на Европската Агенција за Животна Средина.Република Македонија како земја соработничка на Европската Агенција за Животна Средина со своите претставници, националното контакт лице за одржлива продукција и консумација и националното контакт лице за животна средина и здравје активно учествуваше на погоренаведената работилница.

ezs

На овој состанок националните претставници ги разгледуваа заедничките перспективи за намалување на притисокот од секојдневниот животен стил и работа врз животната средина и здравјето на луѓето. Се разгледуваа и можностите за синергии и поврзување на одржливата продукција и консумација и проблемите со животната средина и здравјето. Се дискутираше и за поврзаноста на Индикаторскиот извештај за 2013 година со природните богатства и добросостојбата на луѓето.