Во периодот од 25 до 29 ноември 2019 година во Лисабон, Португалија, во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), се одржа финален состанок за проектна координација во Лисабон, Португалија, во склоп на проектот за техничка соработка RER7011, „Подобрување на инвентарот на профили на извори на аеросоли со користење на нуклеарни аналитички техники, како поддршка на управувањето со квалитетот на воздухот“.
На состанокот учествуваа Анета Стефановска, раководител на одделение и Проектен координатор и Мартина Спасовска, советник, проектен координатор на Национален проект финансирани од IAEA.
На состанокот се презентираше напредокот и достигнувањата, вклучувајќи ги и предизвиците во текот на имплементацијата на проектот. Претставниците од земјите учеснички на проектот ги презентираа активностите во областа на квалитетот на воздухот и постигнатите проектни резултати. Исто така, се презентираше и работниот план за новиот проектен циклус, се предложија новите активности (предвидување на обуки, експертски мисии и дефинирање на технички спецификации за набавка) и се презентираа техничките потешкотии во текот на имплементацијата на проектот, како и начините за подобрување.