(25-26.10.2012) Во Мадрид, Шпанија, се одржа работилницата “17th EIONET workshop on air quality assessment and management” редовна годишна работилница во организација на ЕЕА и тематскиот центар за квалитет на воздух и намалување на ефектите од климатските промени – ETC/ACM.
На работилницата учествуваше Никола Голубов, советник за валидација и анализа на податоци од оделението за мониторинг во Македонскиот информативен центар за животна средина.
Со оваа работилницата се овозможи преглед на работата на земјите членки и соработнички со ЕЕА, во однос на известувањето и оценувањето на квалитетот на воздухот во Европа, со фокус на имплементацијата и ревизијата на европската регулатива за квалитетот на амбиенталниот воздух.
Другите клучни теми кои беа дел од оваа работилница се однесуваат на електронското известување на податоци за квалитет за воздухот; резултатите од пилот проектот за имплементација на легислативата за квалитет за воздух во 8 градови во Европa; годишните национални извештаи кои се доставуваат до Европската агенција за животна средина.