На 22 јуни 2020 година преку платформата zoom се одржа online работилница-вебинар за отпад организирана од страна на Европската агенција за животна средина.
Целта на вебинарот беше да се запознаат со текот и целите на проектот земјите учеснички во ИПА Проектот 2020-202 1 во компонента за отпад и од истите да се добијат повратни информации.
Одржани беа две презентации за спречување на отпад и управување со комунален отпад . Исто така беа презентирани и очекувањата, предизвиците и текот на праќање на податоците во делот за отпад. Беше презентиран и распоредот со времетраење на проектот.