Во периодот од 19-25.05.2019 година во Љубљана, Словенија, се одржа Регионален тренинг курс за најнови достигнувања во користење на рецепторни модели за идентификација на цврсти честички во воздух. Обуката беше организирана од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и се спроведе во Институтот „Стефан Јозеф“ од Љубљана
Оваа обука е една од серијата на обуки кои редовно се организираат во склоп на Регионалниот (RER) проект на IAEA кој се спроведува во Министерството за животна средина и просторно планирање. Како претставник од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р. Мартина Спасовска, советник за моделирање и предвидување.
Обуката им оозможи на учесниците практични вежби за користење на напредни статистички алатки за утврдување на извори на загадување и нивна идентификација, при подготвување на студии за загадување на воздух. Исто така се пренесе и знаењето од последните достигнувања за користење на рецепторни модели и модели со факторизација на позитивна матрица (PMF), преку теоретски презентации од страна на експертите и практични сесии за интерпретација на резултатите од моделирањето.