(25-26.02.2013 год.) Во Копенхаген, Данска, во организација на Европскиот тематски центар за одржлива продукција и консумација и Европската агенција за животна средина – се одржа работилница за Моделирање во областа на отпадот во контекст на креирање на политиките за управување со отпад. На работилницата учествуваше Маргарета Цветковска, Национален референтен центар за отпад од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Работилницата, во голема мера беше посветена на размената на знаења и искуства во врска со моделирањето во областа на отпадот, а во контекст на креирање на политики за управување со отпадот. Се презентираше Европскиот референтен модел за отпад, кој е сеуште во фаза на развој. На работилницата се разменуваа искуства и знаења на земјите кои користат модели за управување со отпадот со земјите кои се почетници во моделирањето на управувањето со отпад. Се дискутираа одредени специфични елементи кои се користат во моделирањето, а со цел на создавање на проекции за генериран отпад и негово управување. Понатаму, се разгледуваше моделот во смисла на давање на информации за влијанието на различните третмани на отпадот врз создавањето на работни места, можностите за редукција на емисиите на стакленичките гасови итн. Се разгледуваа и сетот на информации и податоци кои една земја треба да ги поседува и да ги воспостави, како и временската покриеност на истите, а со цел да може да го користи погореспоменатиот модел.