Во период од 24.09.2019 до 25.09.2019 година во Подгорица, Црна Гора, се оддржа (EU Environment Partnership Programme for Accession), која се однесуваше на директивите CAFÉ и Директивата за тешки метали и начинот на нивна имплементација.Од Македонскиот информативен центар за живота средина присуствуваа: Анета Стефановска – Раководител на одделение, Никола Голубов – Советник, Игор Атанасов – Советник, Александра Несторовска-Крстеска – Советник.
Освен претставници земјите од Западен Балкан и Турција, на состанокот присуствуваа и предавачи од земјите на ЕУ, кои го споделија искуството во имплементација на овие директиви во однос на мониторингот, оценка на квалитет на воздух, примена на сензори, примена на модели за утврдување на составот на PM10 честичките, начинот на известување на податоци за квалитет на воздух до ЕЕА како и мерки за намалување на загадувањето особено од согорување на фосилни горива во домашни ложишта. На работилницата воедно беа формирани групи за дискусија на четири теми, на кои присуствуваа нашите претставници, кои се однесуваат на примена на сензори, примена на мерки за намалување емисии од домашни ложишта, новини во известување на податоци за квалитет на воздух и предлог теми за следниот состанок, кој ќе се оддржи во октомври следната година.