Од 16.09.2015 до 19.09.2015 година во Виена, Австрија, се одржa работен состанок со претставниците на Интерес групата за Западен Балкан, во организација на Европската агенција за животна средина, односно ЕПА мрежата.
На состанокот учествуваа Светлана Ѓорѓева, Национален координатор за соработка со ЕЕА и Ристо Јордановски, Асистен координатор. Светлана Ѓорѓева одржа презентација во однос на препораките за земјите од Западен Балкан содржани во извештајот на УНЕЦЕ – Environmental Performance Review, како и анализа од оценките на Европската Комисија, објавени во 2014 година, за напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на поглавјето 27 за животна средина.
Како резултат од работата за време на состанокот, се донесоа заклучоци кои се однесуваат на идни активности во рамки на Интерес групата. Учесниците одлучија за следниот состанок да направат темаски анализи кои се однесуваат на статусот и напредокот во однос на имплементација на обврски од сегментот: Воздух, Отпад, Водите и Климатските промени, а задача на претставникот од Македонија е да направи анализа за состојбата во сегментот за управување со амбиенталниот воздух.
Исто така, земјите треба да ги разгледаат можностите за идна финансиска поддршка од страна на Австриската агенција за развој – ADA, со што би се унапредила соработката на земјите од Западен Балкан преку дополнителни активности и работа во рамки на Интерес Групата.