Работниот состанок се одржа во Милано, Италија во просториите на Palazzo Lombardia во периодот од 11.05.2015 до 12.05.2015 година.
На состанокот беа презентирани активностите и најновите случувања кои спаѓаат во обврските на CLRTAP, како и активностите на Европската комисија за NEC Директивата. По поздравните обраќања на Министерката за животна средина, енергија и одржлив развој на регионот Ломбардија се презентираа искуствата на земјите кои известуваат по CLRTAP и другите меѓународни конвенции.
Понатаму состанокот се фокусираше на техничкиот дел при инвентаризација на емисиите од различни извори, како и нови научни видувања и иновации. Исто така Претставници од Европската агенција за животна средина ги презентираа нивните скорешни активности, како и EIONET мрежата и напредокот на земјите во известување за приоритетниот проток на податоци.
На состанокот од од Министертсво за животна средина и просторно планирање присуствуваше Мартина Спасовска, Советник за моделирање и предвидување со симулација.