(12-13.11.2012) Во Берлин, Германија, се оджа првиот Европски Форум за Ресурси на кој учествуваа Светлана Ѓорѓева, раководител на сектор МИЦЖС и Ристо Јордановски, Асистент координатор за соработка со ЕЕА.
Целта на конференцијата беше, да се унапреди знаењето на учесниците за достапноста, искористувањето и предизвиците во однос на ресурсите во животната средина, и да се овозможи анализа на таканаречениот – Патоказ за Европа кон ефикасно искорисување на ресурсите, што претставува еден од поновите стратешки документи на ЕУ, а кој има улога во подготвувањето на активностите помеѓу земјите членки, кандидати и потенцијални кандидати, во соработката со Европската агенција за животна средина – ЕЕА