Прва заедничка GLOBE on-line обука за професорите од Северна Македонија, Хрватска и Словенија

GLOBE_Obuka_Katerina Nikolovska(22 и 23.04.2021) По повод 22 април, Денот на планетата Земја и рестартирање на GLOBE Програмата во Северна Македонија, на 22 и 23.04.2021, со учество на 159 учесници од Северна Македонија, Хрватска и Словенија се одржа Прва заедничка GLOBE on-line обука за професорите од Северна Македонија, Хрватска и Словенија. На обуката како гости се приклучија и учесници од Црна Гора.

Целта на оваа обука беше ново вклучените професори да се обучат за спроведување на активностите од Програмата, а професорите кои имаат искуство, да се запознаат со новите протоколи, со што ќе се овозможи успешно имплементирање на истата.

Тренерите од Северна Македонија, обуката за професорите, заеднички ја одржаа со тренери од Хрватска и Канцеларијата за координација на GLOBE Европа и Евроазија кои несебично веднаш ја прифатија поканата да бидат едукатори на обуката.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини го отвори настанот нагласувајќи дека не постои подобар начин за одбележување на Денот на планетата Земја, од започнување на едукативна програма што ќе им ја приближи на младите животната средина и ќе им даде можност да ја сфатат потребата за нејзина заштита.

На отварањето на обуката се обратија и министерката за образование и наука Мила Царовска која нагласи дека децата во училиште треба да научат да ја сакаат и да ја спасат планетата Земја, потоа амбасадоркатата на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и Дана Вотапкова претставник од Канцеларија за координација во регионот на Европа и Евроазија.

Рестартирањето на имплементацијата на GLOBE програмата во нашата држава беше обезбедено со донација од страна на Американската Амбасада, како средства за одржување на оваа обука во соработка, со Канцеларијата за координација на GLOBE Европа и Евроазија. Исто така, во рамки на оваа донација планирана е набавка на инструменти, хемикалии и други средства кои се неопходни за професорите и учениците да можат ефективно да ги извршуваат планираните активности и обуки.

Токму затоа, во сите нови наставни програми кои се изработуваат согласно новата Концепција за основно образование, се посветува големо внимание на темите за заштита на животната средина а воедно наставниците покрај активностите за време на наставата, ќе имаат можност и преку дополнителни воннаставни активности да ја подигнуваат свеста за значењето на здравата животна средина.

На ваков начин остваруваме една важна и благородна мисија во две области од клучно значење за нашата иднина – заштита на животната средина, преку нејзино спознавање и едукација на младите генерации како да ја зачуваат и да обезбедат квалитетен живот во животната средина што ќе ја наследат од нас.

Програмата GLOBE беше промовирана и на вестите и утринаската програма на телевизија СИТЕЛ од страна на Националниот координатор Катерина Николовска.

https://www.youtube.com/watch?v=cujIGdeuzec

https://sitel.com.mk/tema-na-denot-den-na-planetata-zemja-se-restartira-programata-globe