(20.02.2012) Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа Подготвителна Обука за изработување на стратешки карти за бучава во животната средина.
На обуката беа присутни претставници од Град Скопје, Општина Битола, Општина Куманово и Општина Тетово, општините кои сосласно Уредбата, имаат обврска да подготвуваат стратешки карти за бучава.
Претставници од министерството на присутните им ги презентираа законските обврски во врска со изработка на стратешките карти за бучава, собирањето на податоците, софтверско внесување на податоците како и искуствата кои им беа пренесени на вработените во министерството преку одржаниот Проект за заштита од бучава поддржан од страна на Холандската Влада.
Во прилог е презентацијата на Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која присуствуваше на обуката како претставник на Македонскиот информативен центар за животна средина.