Во периодот од 13 до 15 мај 2014 година во Женева, Швајцарија, се одржа Осмата сесија на работната група за Индикатори за животната средина и мониторинг во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE), како и работилницата за статистики во областа на водите во организација на UNECE, EUROSTAT, EEA во организација на UNECE, EUROSTAT, EEA.
Работилница во голема мера беше посветена на преглед и ревизија на упатствата за примена на Индикаторите за животна средина во Југоисточна Европа, Кавказ и Централна Азија. Исто така имаше прво читање и запознавање на предвидените индикатори за транспорт и животна средина.
Второнаведената работилница се задржи на најновите достигнувања во областа на статистиките на водите, како и разгледување на значајните проблеми, предизвици и прогресот направен во земјите од Југоисточна Европа, Кавказот и Централна Азија.
Поради овие причини претставници од нашето Министерство кои работат на соодветната проблематика. Раководителот на одделението за аналитика и известување Катерина Николовска, како и на Аземине Шакири, виш соработник со работни задачи во областа на статистики на водите, двете од Македонски информативен центар за животна средина, учествуваа на работилницата.