Одржан работен состанок за индикатори за животна средина и мониторинг

(15-18.04.2013) Во организација на на UNECE (Економска комисија за Европа на Обединетите нации) и UNSD (Секторот за статистика на Обединетите нации), во периодот од 15.04 до 18.04.2013 година во Женева, Швајцарија се одржa работен состанок за индикатори за животна средина и мониторинг.

На состанокот учествуваа претставници од ЕЕССА земјите, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Швајцарија, Европскаагенцијаза животна средина и останати меѓународни тела.

unece

Земјите од Западен Балкан беа поканети на ЕЕССА земјите да им ги презентираат нивните искуства во однос на постапката за изготвување на извештаи за состојба на животната средина.

За таа цел, на состанокот како претставник од МИЦЖС присуствуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која имаше презентации, во пет сесии и тоа: законска регулатива, институционална поставеност, односно, обврски на институциите, структура и содржина на извештаите, користењена индикатори и публикување и дисеминација на извештаите за состојбата на животната средина.

Презенрации.rar