Во рамките на твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на централно и локално ниво во управувањето со животната средина во областа на квалитетот на воздухот„во текот на 2012 година се одржаа следните работилници и обуки

6.9.2012 – Работилница за претставниците од најголемите индустриски претпријатија во врска со презентација на Упатството за мерење на емисии

b1

На оваа работилницата учествуваа претставници од индутрискиот сектор и приватните компании кои вршат мерења на емисии. Оваа работилница предизвика огромно интересирање и имаше одлична посетеност. На работилницата беа презентирани практични примери од Упатството за користење на Правилникот за мерење на емисиите во воздухот. Од МИЦЖС на работилницата учествуваа Маријонка Виларова и Александра Н. Крстеска. Подготвеното упатство беше позитвно оценето од присутните.

29-31.08.2012 – Обука за софтвер за податоци за емисии и квалитет на воздух         

b2Шведски и естонските експерти одржаа обука на експертите од Македонскиот информативен центар за животна средина за примена на софтверот Airviro (набавен како техничка поддршка за Твининг проекот од стана на Европската комисија), за управување на податоците за емисии и квалитет на воздух и обука за систем администраторите за работа во програмата Linux. Оваа обука беше последна обука согласно договорот за  набавката на софтвер кој го доби Министерството за животна средина и просторно планирање. Поради обемната функционалност на софтверот Airviro, обуката беше изведена во неколку фази со цел да се запознаат корисниците од МИЦЖС (Александра Н. Крстеска, Мартина Тоцева, Никола Голубов, Игор Пауновски, Маја Граматикова и Никола Јакимовски) за сите можности кои ги нуди овој софтвер во однос на собирањето, обработката и валидацијата на податоците за емисии и квалитет на воздух.

04.06-07.06.2012 – Одржани обуки во Финскскиот метеоролошки институт II         

b3
Експерти од МИЦЖС при МЖСПП (Александра Н.Крстеска, Никола Голубов и Никола Јакимовски) и Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР), беа во работна посета на Финскиот метеоролошки институт во Хелсинки.

Притоа тие ја посетија лабораторијата за квалитет на воздух, се здобија со обука за известување и справување во алармантни ситуации во случај на зголемени нивоа на концентрации на загадувачки супстанци во воздухот, обука за управување со базата на податоци и начинот на одржување на веб страната за квалитет на воздух.

Метеоролозите од УХМР беа во можност да видат неколку метеоролошки станици и метеоролошката лабораторија, како и системите за набљудување и системот за детектирање грмотевици.
Експертите остварија средба и со претставници на градот Хелсинки, на која се дискутираше начинот на подготовка на планови за заштита на квалитетот на воздухот.

29.05 – 6.06.2012 – Одржани обуки во Финскскиот метеоролошки институт I

          b4
Експертите од Mакедонскиот информативен центар за животна средина, Игор Атанасов и Љупчо Гроздановски кои вршат одржување на мониторинг станиците за квалитет на воздух беа во посета на Финскиот метеоролшки институт во период 29.05-6.06.2012 година, каде се здобија со слeдните обуки: обука за калибрација и одржување на мониторинг мрежата за квалитет на воздух, обука за работа во калибрационата лабораторија, обука за мерење на несигурноста на мерењата, како и обука за примена на процедурите за обезбедување на сигурност и контрола на квалитет на мерењата и спроведување на постапката за акредитација на калибрационата лабораторија.

25.04.2012 – Работилница за индустрискиот сектот за предлог Упатството за користење на Правилникот за ГВЕ         

b5
На 25 Април, 2012 година, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање беше одржана работилница со претставниците од индустрискиот сектор на која се дискутираше содржината на подготвеното Упатството за Правилникот за гранични вредности на емисиите од воздухот чија цел е олеснување на практичната примена на Правилникот. Од страна на МИЦЖС на работилницата учествуваа Маријонка Виларова и Анета Стефановска.

21-22.03.2012 – Посета на општина Битола         

b6
Во период 21-22.03.2012 во рамките на компонентата-2 од Твининг проектот, странските експерти од Финска и Италија и домашните експерти од МЖСПП (Анета Стефановска од МИЦЖС) ја посетија Битола со цел прибирање на податоци и инаформации за изработка на Програмата за подобрување на квалитетот на воздухот во Битола во која особен акцент беше ставен на намалување на концентрацијата на суспендираните честички (PM) преку дефинирање на краткорочни и долгорочни мерки. За време на нивната посета беа одржани состаноци со претставниците од општина Битола и поголемите инсталации како Рек Битола и Фабриката за шеќер 4ти Ноември. Добиените информации беа внесени во нацрт Програмата за подобрување на квалитетот на воздухот во Битола.

7.3.2012 – Работилницата за дисперзионо моделирање

На 7 март 2013 година беше оддржана Работилница за дисперзионо моделирање,чија цел беше претставниците од одделението за интегрална контрола и спречување на загадувањето при МЖСПП, Институтот за јавно здравје и Пилот општините (кои активно усчествуваа во проектот) да се запознаат за примена на методот на дисперзионото моделирање во оценката и предвидувањето на квалитетот на воздухот. На работилницата Мартина Тоцева од МИЦЖС на учесниците им ги претстави резултатите од примена на локалниот и регионалниот модел на Финскиот метеоролошки институт во Република Македонија.