Министерот Изаири на одбележувањето на 65-годишнината од работата на Градежниот факултет

2

(06.10.2014г.) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, деканот на Градежен факултет, проф. д-р Милорад Јовановски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановскисе обратија насвеченоста по повод 65-годишнината од работата на Градежниот факултет, кога е одржано првото предавање за студентите по градежништво во амфитеатарот на тогашниот Технички факултет.

– Долгогодишната соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Градежниот факултет секогаш била многу ценета и плодна за двете страни. При тоа, со посебно внимание беше поттикнувана научната работа и имплементацијата на апликативно-практичните проекти, кои неретко беа проекти од национално значење, а се реализираа благодарејќи на нашите заеднички напори – изјави министерот Изаири во своето обраќање.

Деканот Јовановски истакна: Благодарение на соработката со нашите пријатели, во моментов кај нас градежништвото е многу ценета професија, а околу 30 проценти од општествениот производ се резултат на активностите во тој сектор.

Градоначалникот Трајановски потенцираше дека денешниот изглед на град Скопје во многу се должи и на тесната и длабока соработка меѓу Градот и Градежниот факултет.

На церемонијалниот дел на доделување благодарници,признанија, награди и стипендии, деканот Јовановски во име на Градежниот факултет, на министерот Изири му врачи плакета за благодарност за долгогодишната плодна соработка меѓу двете институции.

  СЛУЖБА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ