(23-26.04.2018) Во Република Македонија се уште има чиста и квалитетна вода за пиење, но во природата водата ја има се помалку во својот вистински облик и истата е се повеќе загадена од најразлични видови на полутанти кои како крајна последица го загрозуваат здравјето на луѓето. Притоа во однос на водите, во земјава голем проблем претставува тоа што речиси целата канализација завршува директно во реките, што пак има катастрофални последици за животната средина. Второ горливо прашање на кое треба исто така да се обрне внимание е управување со отпадот.
Во светски рамки во изминативе две децении се направени големи исчекори во зачувување на животната средина, преку подобрување и усовршување на работењето на јавните комунални претпријатија. Истите се стремат кон сигурно снабдување со вода за пиење и прочистување на отпадните води. А пак во однос на отпадот се назначува дека создавањето е неизбежно, но на материјалот кој останува треба да се гледа како на суровина, која може повторно да се употреби.
АДКОМ – Здружението на даватели на комунални услуги е претставник на интересите на јавните комунални претпријатија во земјава и претставува сигурен партнер во нивното секојдневно работење. Следејќи ги светските стандарди, како и потребите во земјава, АДКОМ ја организираше 10-та меѓународна конференција на тема „Вода и Отпад – реалност и предизвици“.
Конференцијата се одржа од 23-26 април 2018 година во Охрид, а истата се организираше во соработка со ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје и ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје.
Целта на меѓународната конференцијабеше со приложените трудови да даде одговор како и насоки за работењето на јавните комунални претпријатија во Р. Македонија, во однос на тоа каде се наоѓаат во нивниот развој и до кое ниво е нивното давање на услугите кон граѓаните и секако да се земе во предвид и задоволството на граѓаните од услугите кои јавните комунални претпријатија им ги нудат.
Меѓународната конференција беше организирана во пет одделни сесии, на различни теми во однос на водата и отпадот. На првата панел сесија беа споделени “Искуствата на регулаторот во транзициониот период во воспоставување на цени на водни услуги / тарифи. На оваа панел сесија беше назначенаунифицираноста на дел на регулаторните мерки, но исто така беше утврдено дека во различните земји примената на регулаторните мерки е различна и како таква претставува добра можност за нивно натамошно усогласување.
На втората панел сесија „Реформа на институционалната поставеност во управување со водите во Р. Македонија“ беше потврдена потребата за воспоставување на овие реформи од аспект на обезбедување на интегрирано управување со водите и задоволување на барањата на Рамковната директива за води.
На третат панел сесија „Снабдување со вода за пиење и систем за собирање и третирање на отпадни води“ се евидентираше потребата за соработка и споделување на знаењата во областа на снабдување со вода за пиење и системот за собирање и третирање на отпадни води, особено помеѓу академската заедница и бизнис секторот како и зголемување на капацитетите кај давателите на услуги и свесноста кај потрошувачите.
На четвртата панел сесија „Работење за јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија за одржливи, ефикасни и достапни водни услуги“, се увиде дека повеќе од неопходно е инвестирање во развој на капацитетите кај давателите на услуги, како и тоа дека регионалните иницијативи се исклучително значајни за споделување на искуствата на национално ниво. На истата беше потврдено дека АДКОМ ги исполнува сите услови за воспоставување на институционална рамка за поддршка за јакнење на капацитетите во јавните комунални претпријатија.
На петтата панел сесија „Управување со отпадот“, се назначи потребата за развивање на системот за управување со отпад, а особена значајност претставува воспоставувањето на регионални системи за управување со комуналниот отпад на ниво на РМ. Потоа се стави акцент на зајакнувањето на постоечките јавните комунални претпријатија со цел да го прилагодат своето работење во рамките на новите регионални системи.
На сесиите присуствуваа над 300 претставници од националните и локалните власти, како и раководните тимови на претпријатијата од земјава и регионот. Беа презентирани голем број на трудови и активно земаа учество голем број на учесници, при што беа споделени проблемите со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија, најдобрите практики за решавање на истите, како и размена на искуство помеѓу засегнатите страни.
Притоа во рамки на конференцијата, АДКОМ организираше и дијалог на тема „Зајакнување на дијалогот за одржливи и ефикасни водни услуги помеѓу централната власт, единиците на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија во РМ“, каде присутните имаа можност да разговараат за создавање на поволно опкружување за подобрени услуги во секторот за вода, вклучувајќи и дискусија за градење на капацитетите. Како заклучок од дијалогот произлезе дека е потребна поголема координација помеѓу засегнатите страни, а АДКОМ во соработка со донаторската заедница е подготвен да ја иницира и спроведе истата.
За време на конференцијата беше организирана и техничка изложба, при што 17 компании од Република Македонија како и од странство ги презентираа своите активности, производи и опрема кои се однесуваат на конференциските теми на изложбени штандови.