(21.03.2016г) Денеска во општина Желино министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот Фатмир Изаири го потпишаа договорот за финансирање на проектот: „Изградба на канализациона мрежа во н.м. Требош“. Со доизградба на делови од канализационата мрежата кон која дополнително ќе се приклучат околу 450 нови субјекти, всушност ќе се заокружи 30 километарскиот канализационен ситем во оваа тетовска општина. На овој начин според зборовите на министерот Изаири ќе се обезбеди основната инфраструктура неопходна не само за поквалитетен живот на жителите на оваа општина туку и за подобра заштита на животната средина.
Проектот се финансира по пат на кофинасирање и треба да биде завршен до крајот на јуни месец оваа година.