(11.12.2015г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари и директорот на ЈКП “Комуналец” – Кичево, Зендел Јонузи денеска, потпишаа договор за спроведување на ИПА Проектот “Изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Кичево”, со кој ќе се обезбеди директна заштита на водите во општина Кичево, како и на реките Треска и Вардар.
Вкупната вредност на проектот изнесува 8.600.000,00 евра и вклучува изградба на пречистителна станица во општина Кичево со капацитет за 32.000 еквивалент жители, со можност за надоградување до капацитет од 45.000 еквивалент жители.
Проектот за градба ќе започне со спроведување во декември 2015, а ќе трае 18 месеци , со 12 месеци гарантен период.
Проектот ќе го спроведува Министерството, во соработка со општината Кичево и ЈП “Комуналец” – Кичево. Финансиите се обезбедени преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА).