Министерот Нуредини заедно со градоначалникот на општина Теарце Исен Асани и заменик министерот за правда Агим Нухиу направи обиколка на изведбените работи за изградба на функционален систем за одведување на отпадни води за населено место Теарце, во општина Теарце.
Со проектот се предвидува изградба на канализациона мрежа на 26 улици со вкупна должина од околу 11,7 км, а средствата во висина од приближно 52 милиони денари се обезбедини од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Со изградба на фекална канализација за ова населено место ќе се надминат проблемите предизвикани од непостоење на систем за одведување на комунални отпадни води, а пред се загадување на земјоделските земјишта, ќе се обезбедат основни инфраструктурни услови за квалитетен живот, ќе се заштитат подземните води, бунарите и генерално животната средина.