Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје, организира јавна расправа по Нацрт на Одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел.
Јавна расправа ќе се одржи на 3 февруари 2021г. (среда), во 11:00 часот на ZOOM платформата.
Линк за вклучување:
https://zoom.us/j/93000573177?pwd=ZkxtV014bEpqMXNsajduRFd6Z3hQUT09
Meeting ID: 930 0057 3177
Passcode: 975851
Нацрт- Одлуката е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Коментари/мислења/сугестии може да доставите најдоцна 10 дена од одржувањето на јавна распарва, најкасно до 13 февруари 2021 година на: infoeko@moepp.gov.mk
Пожелно е да го најавите Вашето учество на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.