Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Јавната установа Национален парк (ЈУ НП) Галичица, Ве покануваат на јавна расправа по однос на Нацрт-Планот за управување со Национален парк Галичица за периодот 2021 – 2030 и на јавна расправа по Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Нацрт-Планот за управување со Национален парк Галичица за периодот 2021 -2030.
Јавните расправи ќе се одржат он-лине на ЗООМ платформата на 17 февруари 2021 год. и тоа:
– Јавната расправа по Нацрт план за управување со национален парк Галичица за периодот 2021 – 2030 со почеток во 9:00 на следниот линк:
https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZEqdO6uqT0tE9HGJwkZZPSA0FyIXpJjyF5d
– Јавната расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Нацрт планот со почеток во 12:00 на следниот линк:
https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZAvdu-hrT0oHtxjYOSLVBUa_3rKq8PL2Dmo