ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА

Владата на Република Северна Македонија преку Комисија за спроведување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, (“Комисијата“), ги поканува сите потенцијални понудувачи (секој како “Потенцијален понудувач“) за доставување на документи за учество во претквалификација (“Претквалификациски документи”) за доделување и спроведување на Договор за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река. Ова вклучува проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување и пренос на хидроелектрични централи Чебрен со брана Орлов Камен (со можност за хидроцентрала ) исто како и управување со постоечката хидроелектрична централа Тиквеш лоцирани на Црна река во Република Северна Македонија. (“Проектот“).

Проектот ќе се додели преку транспарентна и конкурентна тендерска постапка, со примена на најдобрите меѓународни практики, Законот за водите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13,180/14 и 146/15) и Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 6/12, 144/14, 33/15, 104/15, 215/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 153/19 и 261/19) (“Закон за концесии“) и во согласност со Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 13/20 и 33/20).

Во согласност со Законот за концесии, подолу се наведени клучните информации за Проектот и постапката за доделување на Проектот.

1.    ПРОЕКТ
1.1    Предмет

Со Проектот се предвидува на најдобриот понудувач да му се додели следното:
(i)    Концесија за искористување на водата за производство на електрична енергија,
(ii)    Ексклузивно право да ги проектира, изгради, управува и одржува ХЕЦ “Чебрен“ (со индикативен инсталиран капацитет од 333 MW) и брана “Орлов Камен” (со можност за хидроелектрична централа), и
(iii)    Ексклузивно право да ја управува и одржува ХЕЦ “Тиквеш“ (со инсталиран капацитет од 116MW) три месеци по започнувањето со работа на ХЕЦ Чебрен,

кои се предмет на враќање на Владата на Република Северна Македонија  по истекот на периодот на концесија.

Проектот ќе биде структуиран како концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна река и учество во јавно-приватно партнерство, при што најдобриот понудувач ќе формира проектна компанија со АД ЕСМ. Придонесот на АД ЕСМ во капиталот на проектната компанија може да го содржи особено преносот на постоечката ХЕЦ Тиквеш како и други придонеси.

1.2    Вредност на проектот

Индикативната инвестициона вредност на ХЕЦ Чебрен и брана Орлов Камен е проценета на 570 милиони Евра.

1.3    Локација на Капацитетите

Капацитетите од проектот ќе бидат лоцирани на Црна река во Република Северна Македонија.

1.4    Активности кои ќе се изведуваат во капацитетите

Производство на електрична енергија и подобрување на снабдувањето со електрична енергија.

2.    ПОСТАПКА НА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА

2.1    Вид на постапка  

Постапката ќе се спроведе во две фази, и тоа:
–    Фаза I : Претквалификација на Потенцијални Понудувачи, и
–    Фаза II: Покана за доставување на понуди од страна на претквалификуваните понудувачи.

2.2    Адреса и Начин на Собирање на претквалификациска документација.  

Потенцијалните Понудувачи се повикуваат да ја подигнат Тендерската документација за фаза 1, која содржи Упатства за Потенцијалните Понудувачи (“Претквалификациски Документи“) преку доставување на барање преку електронска пошта на следните адреси: jasna.ivanova.davidovic@elem.com.mk; со копија до viktor.andonov@gs.gov.mk.

Потенцијалните Понудувачи кои ќе достават барање за Претквалификациски Документи ќе бидат регистрирани и вклучени во листата за прашања и одговори и доставување на известувања.

Секое барање за дополнителни информации и/или прашања кои се однесуваат на претквалификацискиот документ можат да се достават преку електронска пошта на Комисијата на горенаведените адреси.

2.3    Критериуми за претквалификација

Критериумите за претквалификација ќе бидат дадени во Претквалификациските Документи.

3.    ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА И ОТВОРАЊЕ

3.1    Јазик на документите

Јазикот на документите за учество во претквалификација ќе биде англиски.

3.2    Потребна документација која треба да ја достават потенцијалните понудувачи

За информација на потенцијалните понудувачи, долунаведените податоци ќе бидат побарани за целите на претквалификацијата. За повеќе информации погледнете го претквалификацискиот документ.

Дел I – Критериуми за претквалификација: информациите наведени во Дел 2.3;

Дел II – Формулар за претквалификација: документите или информациите наведени во Дел 2.4;

Дел III – Документи за конзорциум: онаму каде што потенцијалниот понудувач е Конзорциум документите наведени во Дел 2.5;

Дел IV – Овластување: овластување наведено во Дел 2.6; и

Дел V – Претходно испечатена литература: изборно, посебно ставена претходно испечатена литература, како што е наведено во Дел 2.7.

3.3    Период на важност на документите од претквалификација

Документите од претквалификација ќе бидат валидни најмалку три (5) месеци од денот на нивното поднесување до Комисијата.

3.4    Рокови, Адреса и Начин на доставување на документи во претквалификација

Документите од претквалификација треба да бидат поднесени до 16:00 по локално време CET во Скопје на 03.04.2020, на адресата на Комисијата наведена подолу.

Потенцијалните понудувачи кои ги исполнуваат критериумите наведени во претквалификацискиот документ ќе бидат повикани да учествуваат на меѓународна конкурентна тендерска постапка за Проектот. За оваа цел, до сите претквалификациски понудувачи ќе биде доставена писмена покана без јавна објава. Сите тендерски документи ќе бидат испратени по уплата на надоместок во висина од 5.000 евра (во денарска противвредност).

3.5    Овластени лица кои ќе учествуваат на отворањето на документите од претквалификација

Само на членовите на Комисијата, специјално формирана за целите на доделувањето на Проектот, ќе им биде дозволено да ги отворат и евалуираат документите во претквалификација.

4.    КОНТАКТИ

Комисија
Г-ѓа. Јасна Иванова Давидовиќ
11 Октомври бр. 9
Скопје, Република Северна Македонија
Тел:  +389 2 3149 167
Email: jasna.ivanova.davidovic@elem.com.mk

Г-дин Виктор Андонов
Кабинет на Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања
Комисија
Бул.Илинден бр. 2 Скопје,
Република Северна Македонија
Тел:  +389 2 3134211
Email: viktor.andonov@gs.gov.mk

Г-ѓа Љупка Димовска Зајков
Пресвета Богородица бр. 9
Скопје, Република Северна Македонија
Тел:  +389 2 3251 414
Email: l.zajkov@moepp.gov.mk