ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА И КОНЦЕСИОНИРАЊЕ НА ХЕЦ ЧЕБРЕН И ХЕЦ ГАЛИШТЕ

Владата на Република Македонија, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, ги поканува потенцијалните заинтересирани компании за пројавување интерес за проектирање, изградба и концесионирање на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште. Заинтересирани компании се покануваат за пројавување интерес за проектирање, изградба и концесионирање на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште и да дефинираат техно-економски решенија за ХЕЦ за кои би биле заинтересирани за изградба и управување по горе наведената структура.

Пројавувањето интерес треба да го содржи следното:

–          Профил на компанијата (финансиско и економско портфолио, искуство со концесии, искуство со управување на ХЕЦ, искуство во електроенергетскиот пазар);

–          Опис на проектот со детални параметри за ХЕЦ кои ќе го содржат следното:

–          Опис на проектот,

–          Основа на Проектот,

–          Основни технички податоци за секоја ХЕЦ,

–          Основни податоци за производство/потрошувачка за целиот проект

–          Основни економски и финансиски параметри;

–          Посебни предуслови и особености кои заинтересираните компании сметаат дека ги имаат, со цел да бидат вклучени во проектот, доколку има такви.

Од заинтересираните компании ќе биде побарано да подготват предлог за оптимално техничко решение за искористување на хидро потенцијалот на Црна река.

Заинтересираните компании ќе добијат детални информации за задачата за предлог на техничко решение во рок од 5 (пет) дена после добивањето на писмо за првичен интерес.

Предложеното техничко решение треба да биде испратено до Концендентот во рок од 120 дена на подолу наведената адреса (30 дена за пристап до документацијата и 90 дена за подготовка на техничкото решение).

Заинтересираните компании ќе добијат технички информации за проектот и најновата физибилити студија за Црна река во рок 5 (пет) дена после добивањето на писмо за првичен интерес. Исто така, ќе им биде на располагање целокупната техничка документација за проектот во архивата на ЕЛЕМ-Дирекција, Скопје. Заинтересираните компании треба да поднесат барање на доле наведената адреса со цел да им се овозможи пристап до техничката документација, во рок не подолг од 30 дена од денот на објавата на овој повик.

Пројавувањето на интерес треба да биде подготвено на англиски јазик и доставено до 10:00 часот по локално време во Скопје на 25.07.2016 година на адресата на Концендентот наведена подолу.

За дополнителни информации и/или прашања кои се однесуваат на проектот да се достават до Министерство за животна средина и просторно планирање со копија до Електрани на Македонија на подолу наведената електронска пошта.

После пројавувањето на интерес, најсоодветното техничко решение за проектот, предложено од заинтересираните компании ќе биде избрано за понатамошни анализи.

 

КОРЕКЦИЈА НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА И КОНЦЕСИОНИРАЊЕ НА ХЕЦ ЧЕБРЕН И ХЕЦ ГАЛИШТЕ
Април 18, 2016

Корекција на Јавниот повик за пројавување интерес за проектирање, изградба и концесионирање на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, се врши во ставовите:
„Предложеното техничко решение треба да биде испратено до Концендентот во рок од 120 дена на подолу наведената адреса (30 дена за пристап до документацијата и 90 дена за подготовка на техничкото решение)“, и истиот гласи:
Предложеното техничко решение треба да биде испратено до Концендентот во рок од 150 дена на подолу наведената адреса и во ставот
„Заинтересираните компании треба да поднесат барање на доле наведената адреса со цел да им се овозможи пристап до техничката документација, во рок не подолг од 30 дена од денот на објавата на овој повик.“, и истиот гласи:
Заинтересираните компании треба да поднесат барање на доле наведената адреса со цел да им се овозможи пристап до техничката документација.

Јавен повик за пројавување интерес за проектирање, изградба и концесионирање на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште – април корегирана

Лице за контакт

Љупка Димоска Зајков

Министерство за Животна средина и Просторно Планирање

Гоце Делчев 8

1000 Скопје, Република Македонија

Тел: +389 (0) 2 3251 420

Факс: +389 (0) 3251 403

Email: L.Zajkov@moepp.gov.mk

 

Лице за контакт

Влатко Павлески

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ)

11 Октомври бр.9

1000 Скопје, Република Македонија

Тел: +389 (0) 2 3149 114

Факс:  +389 (0) 2 32 24 492

Email: vlatko.pavleski@elem.com.mk

 

CALL FOR EXPRESSION OF INTEREST FOR DESIGN, CONSTRUCTION AND CONCESSIONING OF HPP CEBREN AND HPP GALISTE

The Government of the Republic of Macedonia, acting through the Ministry of Environment and Physical Planning, hereby invites expression of interest from interested companies for design, construction and concession of HPP Cebren and HPP Galiste.

The interested companies are invited to express their interest for design, construction and concession of HPP Cebren and HPP Galiste and define the techno-economical solution(s) of the HPPs that they are interested to construct and operate under above defined structure.

Expression of interest shall comprise of the following:

–          Company Profile (financial and economical Portfolio, experience in Concessions, experience of operation of HPPs, electricity market experience);

–          Description of the Project with detail HPPs parameters consisting of the following:

–          Project description,

–          General layout of the Project,

–          General technical data for each HPP,

–          General generation/consumption data for the whole Project

–          General economical and financial parameters;

–          Special pre-conditions and particularities that the interested companies considers in order to participate in the Project, if any.

Interested companies will be asked to prepare the proposal for optimal technical solution for utilization of hydro potential of Crna River.

Detail information for the tasks of the technical proposal expected from the interested companies shall be delivered in 5 days after receiving the letter for initial interest.

The proposed technical solution(s) should be sent to the Conceding Authority in 120 days on the addresses listed below (30 days for access to the documentation and 90 days for preparation of the technical solution).

Interested companies will receive technical information for the Project and the latest Feasibility Study for Crna River in 5 days after receiving their letter for initial interest. Also, they can inspect the complete technical documentation for the Project in the Physical Data Room in ELEM Head Office in Skopje. In order to inspect the technical documentation in the Physical Data Room interested companies shall apply by submitting the request on the ELEM address listed below no later than 30 days from the date od publication of this call.

Expressions of Interest shall be prepared in English and shall be submitted by 10 AM local  Skopje time on 25.07.2016 at the address of the Conceding Authority indicated below.

Any request for additional information and/or questions concerning the Project may be submitted by e-mail to the Ministry of Environment and Physical Planning with a copy to ELEM at the e-mail addresses indicated below.

Following the submission of the expressions of interest, the most suitable technical solutionfor the Project proposed by the interested companies, will be selected for further analysis.

Contact person

Ljupka Dimoska Zajkov

Ministry of Environment and Physical Planning

Bul. Goce Delcev 8

Skopje, Republic of Macedonia

Tel:   +389 (0) 2 3251 420

Fax:   +389 (0) 2 3251 403

Email: L.Zajkov@moepp.gov.mk

 

Contact person

Vlatko Pavleski

Macedonian Power Plants (ELEM)

11 Oktomvri 9

Skopje, Republic of Macedonia

Tel: +389 (0) 2 3149 114

Fax: +389 (0) 2 32 24 492

Email: vlatko.pavleski@elem.com.mk