Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13, и став 14 од Законот за вработените во јавнот сектор („Службен весник на Републикиа Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 27/16, 35/18 и 198/18) член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работни односи („Службен Весник на РМ “брoj. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 74/15, 129/15, 27/16,134/2016 и 120/18) Правилникот за систематизација на работни места на Министерството за животна средина и просторно планирање бр. 01-2372/1 од 03.05.2017 година, Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ- 1/2019 за вработување на (2) двајца извршители на определено време за период до 31.12.2019 година
За потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање се распишува јавен оглас за вработување /засновање на работен однос на 2 (две) лица за следниве извршители:
- помлад соработник за подготовка на стратешки документи, програми и планови, Одделение за стратешко планирање – 1 извршител
- магационер, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финасиски прашања – 1 извршител
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови :
– да е државјанин на Р.Македонија
– активно да го користи македонскиот јазик
– да е полнолентен
– да има општа здравствена способност за работното место
– со правосилна судска пресуда да не му е изрешена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите покрај општите услови предвидени во Закон, потребно е :
За работното место од точката 1 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1степен или студии со стекнати најмалку 180 кредити од областа на Економски науки, образование, Правни науки
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- со или без рабoтно искуство
- дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
- нето плата 20.961,00 денари
За работното место од точката 2 да имаат завршено :
- средно образование
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- со или без рабoтно искуство
- дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
- нето плата 13.140,00 денари
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.Кандидатите со пријавата за учество треба да ги достават доказите за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена кај нотар. Во пријавата задолжително да се запише и да се наведе работното место за кое се аплицира. Потребната документација да се достави до Архивата на министерството или по пошта на следнава адреса: Пресвета богородица бр.3, 1000 Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Одделение за човечки ресурси (со назнака „за оглас бр.1/2019 “). Рокот за доставување на потребната документација е три дена сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот во дневниот печат. Ненавремена и нецелосна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување .
По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места, избраните кандидати ке бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање, по што ќе биде направен конечниот избор .
Министерство за животна средина и просторно планирање