Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работен состанок со градоначалници и претставници на општините од Источниот и Североисточен плански регион на кој дискутираа за воспоставување модел на функционирање, структурирање и финасирање на Регионалното јавно комунално претпријатие и координацијата на соработката со општините и општинските комунални претпријатија.
За подобра финансиска исплатливост на регионалните комунални услуги и заради групирањето на Планските региони во системите на регионалното управување со отпад, се отвори прашањето за креирање и воспоставување на функционален модел на соработка и управување со отпадот. Во таа насока, договорена е наредна средба на која ќе земат учество претставници од сите останати плански региони во државата.