ШУКОВА: Северна Македонија домаќин на регионалните работилници на UNECE на тема отпад, климатски промени и управување со ризици од катастрофи

Министерката Шукова ја отвори првата работилница посветена на отпадот „Политики и практики базирани на Прегледот на состојбите во животната средина на Економска комисија за Европа на Обединетите Нации (UNECE)“, што денес и утре се оджува во Скопје. По првата, ќе следуваат уште две во месец октомври, на теми климатски промени и управување со ризици од катастрофи.

3Заради проактивната улога на Република Северна Македонија во Комитетот за политики во животната средина и различни активности на UNECE во оваа област и успешно спроведените Прегледи на состојбите во животната средина (EPR), досега три, UNECE ја избра нашата држава за домаќин на работилниците.

2Серијата работилници на кои учествуваат претставници на држави од Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија и Кавказ се реализира со помош на гермаската Агенција за  животна средина преку UNECE Женева.

4Целта на овие работилници е да се разменат искуства на регионално ниво за преглед на состојбите во животната средина, степенот на имплементација на препораките од спороведените EPR-и и да се дадат препораки и насоки за идните активности. Работилниците ќе овозможат и подобрување на разбирањето на достапните алатки и инструменти за поддршка и имплементација на Целите за одржлив развој во животната средина.

8